СЕОУ “Гостивар”- Гостивар проекти

“Вештини за претприемништво”

Ученици од 22 средни училишта од Македонија на возраст од 15 -18 години учествуваат во активностите на целиот свет по повод светската недела на претприемништвото. Се одржуваат локални натпревари за претприемнички вештини. За да се унапредат вештините, тимовите идентификуваат проблем во сопственото училиште, а потоа не само што прават истражување, извештај и акционен план, туку   стапуваат во акција. Победничкиот  тим го избираат наставници од сите училишта учесници, но не во сопствените. Следете не. Бескрајно многу  убави идеи, обуки, идеи за проекти ќе најдете на  http://www.innovativeschoolsonline.com/Pages/Welcome.aspx.

Рефлексии за проектот- Проф. Јованка Огњаноска

1. Кога дуваат силни ветрови, некои се кријат, НИЕ ГРАДИМЕ ВЕТЕРНИЦИ!

2. Ichak Adires вели вака: “Промените се постојани. Светот се менува физички, општествено, економски.И луѓето се менуваат. Промените создаваат проблеми. Проблемите бараат решенија. Решенијата создаваат нови промени.”

Ние сме тука да се соочиме со промените и да ги решаваме проблемите. Само така животот оди напред, а светот има шанса да стане поубаво место за живеење.

3. Одличен проект. Треба да има повеќе вакви проекти. Во нив да бидат анимирани повеќе ученици и повеќе професори.

4. Моите пријатели реагираат на овој начин: Што врска има целта на овој проект (да се потикне свеста на наставниците, родителите,учениците за бзбедноста на користење на интернет) со вештините за вработување?

Јас им одговарам вака: Има и тоа како! Преку овој проект учениците решаваат проблем, нудат повеќе решнија, вршат анализа преку истражувања, работаат во тимови, се организираат, соработуваат меѓу себе, комуницират, учат да ја сработаат работата во определена временска рамка, доаѓа до израз нивната амбициозност, одлучност, истрајност, иновативност, креативност, оригиналност, при тоа нивниот краен резултат треба да е поткрепен со ИКТ технологија и алатки! Е па, малку ли вештини за вработување наброив?

5. Нашата “мисија”  како професори е да ја менуваме свеста кај учениците (останата од минатите времиња)  не да чекаат некој да ги вработи туку да се самовработуваат, а ќе се самовработат ако уште сега “тренираат” самовработување. Да ги учиме да бидат претприемачи! Не мора ДЕНЕС да кажат –ЈАС СУМ ПРЕТПРИЕМАЧ!- нека кажат УТРЕ!

6.Статистиката вели, дека во одделни земји во светот застапеноста на малите бизниси е над 50%, и дека тие учествуваат во создавањето на БОП(GVP) со околу 70%. Тоа се големи проценти! Ете ја отука идејата за самовработување и развивање на претприемачкиот дух кај младиот човек. Тие треба да ги рушат бариерите и да започнуваат сопствени бизниси. Секако дека за тоа треба добра бизнис клима во државата и брзо остварлива законска регулатива! Но надежта умира последна! Ние сме оптимисти и луѓе кои имаат надеж!

This slideshow requires JavaScript.

Leave a comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s