5 причини учениците да користат мобилни телефони во училница

1. Ако ги подготвуваме учениците за животот после училиште, треба да им дозволиме да ги користат алатките кои ќе ги користат и тогаш. Има ли некое занимање каде смарт телефонот не се користи?

2. Во време кога се соочуваме со минимални или никакви средства за водење на наставниот процес, користењето на мобилната технологија се чини логично. Тие се бесплатни за училиштето, а сите или скоро сите средношколци  имаат телефон во џебот.

3. Мобилните телефони се одлична алатка за развивање на вештините од 21 век. Ако сакаме учениците да научат да соработуваат, нема подобра алатка од телефонот. Некои наставници ќе ви речат дека не се за телефони затоа што учениците ќе “крадат” одговори од интернет или пак од соучениците. Мојот одговор на ова е дека таквите задачи, каде ученикот ќе го најде одговорот на Интернет, не се добро осмислени. Учениците не треба да “знаат информации”, ги има на интернет, туку треба да знаат да ги користат истите. Кога даваме тестови на хартија, учениците си дофрлаат ливчиња со одговори. Дали ја забранивме хартијата?

4. Двојни стандарди не се во ред. Наставниците може, а учениците не може да користат телефон.

5. Учениците треба да научат, одговорно да ја користат технологијата. Тие  сликаат слики и ги испраќаат едни на други, ги објавуваат на социјалните мрежи и консумираат информации. Ние треба да ги учиме како да го прават ова, за да се заштитени од грешки кои може да ги следат со децении подоцна. Опасностите нема да исчезнат само затоа што ние не дозволуваме да се користи мобилна технологија. Чија е одговорноста и кој треба да ги научи учениците како да бидат безбедни?

Какви се правилата за користење телефони во училиште? Што мислите, дали треба да се користат мобилни во училница?  На кои начини би се обезбедило дека телефоните нема погрешно да се користат на час, во колку ги дозволиме.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s